Светска банка прогнозира намалување на екстремната сиромаштија во светот
05.10.2015 10:58
Ќе се намали на досега невидено ниво, и таа ќе засега нешто помалку од десет проценти од светското население и покрај исклучително загрижувачките тенденции во Африка...

Светска банка во извештајот за годинава прогнозира големо намалување на екстремната сиромаштијата во светот. Ќе се намали на досега невидено ниво, и таа ќе засега нешто помалку од десет проценти од светското население и покрај исклучително загрижувачките тенденции во Африка.
Годишната средба на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд ќе се одржи идната недела во Лима. Според последните податоци од 2012 година бројот на најсиромашни луѓе на планетата изнесува 902 милиони или 13 проценти од светското население.
