Средба на претседателот Иванов со владиниот тим за странски инвестиции
На средбата се очекува да бидат разменети идеи, мислења и иницијативи, со цел во рамките на дипломатските активности на претседателот Иванов да се засили неговата економска агенда.

Претседателот Ѓорге Иванов на средба со владиниот тим за привлекување странски инвестиции. Ќе се координираат и усогласуваат надворешно - политичките активности, односно економската дипломатија, соопштуваат од Кабинетот на шефот на државата.
На средбата се очекува да бидат разменети идеи, мислења и иницијативи, со цел во рамките на дипломатските активности на претседателот Иванов да се засили неговата економска агенда.
Интенција е да се одредат државите во кои е неопходно во наредниот период да се остварат посети, да се интензивираат контактите и да се унапреди правната рамка во насока на создавање соодветни услови за потенцијалните инвеститори, како и услови за пласман на македонски производи.
