ЕК и Турција со план да сопре бранот бегалци
Според планот Турција ќе мора подобро да ја штити својата граница со Грција, а турските и грчките служби што ја контролираат границата на морето, заедно да патролираат и во источниот дел на Егејското Море...

Германските весници повикувајќи се на извори во Комисијата и германската влада, пишуваат дека Европската Комисија разработила план со Турција за да се сопре бранот бегалци во Европа.
Се наведува дека според планот Турција ќе мора подобро да ја штити својата граница со Грција, а турските и грчките служби што ја контролираат границата на морето, заедно да патролираат и во источниот дел на Егејското Море.
Акцијата ќе ја координира „Фронтекс“ кој ќе ги враќа бегалците во Турција. Меѓудругото се наведува и дека во Турција ќе бидат изградени шест нови бегалски кампови со капацитет до 2 милиона луѓе.
