Најмалку 300 исчезнати во одрон на земјиште во Гватемала
05.10.2015 11:36
Околу илјада и 800-ни војници, пожарникари и локални жители трагаат по исчезнатите. Некои од куќите се затрупани на длабочина од 15 метри ...

Најмалку 131 лице загина, а повеќе од 300 се водат како исчезнати по одронот на земјиште во Гватемала во кое стотици куќи беа срамнети со земја. Меѓу загинатите има и неколку бебиња.
Околу илјада и 800-ни војници, пожарникари и локални жители трагаат по исчезнатите. Некои од куќите се затрупани на длабочина од 15 метри поради што има мала надеж дека ќе се пронајдат уште преживеани.
Локалните власти во неколку наврати барале од жителите да се иселат од таа област, но тие одбивале со образложение дека немаат каде да одат.
