Повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“

05.10.2015 11:40

Според одбраната, случајот треба да биде преземен од специјалниот јавен обвинител, но неговото недоаѓање во судот беше образложено и поради средбата на лидерот на СДСМ со италијанскиот амбасадор...

Во скопскиот Кривичен суд повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“,во кој 4-то обвинет е Зоран Заев. Повторно причина за одложувањето- отсуството на Заев.

Според одбраната, случајот треба да биде преземен од специјалниот јавен обвинител, но неговото недоаѓање во судот беше образложено и поради средбата на лидерот на СДСМ со италијанскиот амбасадор.

Во случајот „Пуч“ освен Заев, обвинети се екс-директорот на УБК, Верушевски, неговата сопруга, општински службеник од Струмица и еден вработен од МВР.

Се товарат за шпионажа и насилство врз највисоките државни органи.