Две гостиварки затруени од печурки
05.10.2015 12:09
Веднаш биле пренесени на скопската Клиника за токсикологија и според последните информации не се контактибилни...

Две гостиварки од населбата „Циглана“ на возраст од 67 и од 30 години во бесознание вчера попладне биле донесени во гостиварската болница откако најверојатно се затруле со отровни печурки.
Веднаш биле пренесени на скопската Клиника за токсикологија и според последните информации не се контактибилни. Двете заедно претходно собирале, а подоцна и јаделе печурки.
Набрзо потоа имале и нагон на повраќање и болки, информираат од СВР-Тетово. Се претпоставува дека труењето настанало од конзумирање на печурката „Аманита“.
