Македонските филмски класици повторно во кината
05.10.2015 12:35
На првиот филмски фестивал „Македонски филмски класици“ ќе бидат прикажани најголемите филмски хитови што ја одбележаа македонската кинематографија...

Од 8-ми до 12-ти октомври во киното „Синеплекс“ ќе се одржи првиот филмски фестивал „Македонски филмски класици“ во чии рамки ќе бидат прикажани најголемите филмски хитови што ја одбележаа македонската кинематографија, како „Тетовирање“, „Среќна нова ’49“, „Планината на гневот“.
Директорот на „Вардар филм“, Димо Попов, вели дека ваквите фестивали би требало да ги вратат гледачите во кино салите.
