МВР: За 24 часа издадени 2.543 потврди за азил на странски државјани
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.309, Авганистан –904, Ирак-132, додека другите се во помал број...

Во последните 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.543 странски државјани, од кои, 1.645 се од машки пол, 297 се од женски, 498 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 103 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.309, Авганистан –904, Ирак-132, додека другите се во помал број.
Досега МВР издаде потврди за азил на вкупно 118.042 странски државјани, од кои, 78.090 се од машки пол, 15.669 се од женски, 20.136 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.147 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-85.974, потоа Авганистан-15.852, Ирак-7.723, Пакистан-3.109 Палестина-1.178, Иран-783, Сомалија-731, Бангладеж-699, Конго-372, Нигерија-229, Камерун-190, Еритреја-168, Етиопија-144, Судан-118, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
