Земјотрес почувствуван во западна Македонија
05.10.2015 13:02
Eпицентарот на земјотресот се наоѓа во Косово, околу 57 км западно од Скопје...

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот и 13 минути во западните делови од Македонија.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во Косово, околу 57 км западно од Скопје.
