12-ти октомври неработен ден за сите граѓани

05.10.2015 13:19

12-ти октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика...

Денот на народното востание 11 октомври 2015 година (недела), односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на сите граѓани на Република Македонија им го честитаат Денот на народното востание.