Од почетокот на годината во Европа илегално влегле 630.000 лица
„Секоја држава ја менаџира кризата на својата територија, без координација со своите соседи, а мигрантите нема да престанат да одат од земја во земја, што ќе им штети на сите“, предупредува Легери...

Од почетокот на годината, приближно 630.000 лица илегално влегле во Европа, изјавил шефот на Европската агенција за надзор на границите „Фронтекс“, Фабрик Легери, во интервју за Француската новинска агенција „Ебра“.
Зборувајќи за најголемата миграциска криза во Европа, по Втората светска војна тој се залага за европска соработка, односно смета дека наместо на своите државни граници, покорисно би било полицајците да се испратат на надворешните граници како на пример, наместо во Франција да бидат на островот Лезбос или Лампедуза.
„Секоја држава ја менаџира кризата на својата територија, без координација со своите соседи, а мигрантите нема да престанат да одат од земја во земја, што ќе им штети на сите“, предупредува Легери.
Тој е задоволен од удвојувањето на бројот на припадниците на „Фортекс“ и смета дека доколку на грчката граница би имало илјада или две илјади граничари би имало спектакуларен ефект за решавање на кризата на таа граница.
Легри нагласува дека во 39% од случаите носат одлуки за враќање на мигрантите во матичните земји, со кои се соочуваат со одбивање да ги преземат своите државјани. Во минатата година Фортекс изнајмил 39 авиони за враќање на мигрантите во татковината, а за 2015 се планираат 60 авиони за илегалните мигранти.
