Македонски филмски класици од 8-ми до 12-ти октомври во Скопје

05.10.2015 15:29

„Тетовирање“, „Среќна нова ’49“, „Планината на гневот“, „Три Ани“ и „Хај Фај“ се македонските филмски класици што ќе бидат прикажани во рамки на фестивалот посветен на седмата уметност...

„Каков е овој куфер?- Куфер како куфер- празен!“- Ова е една од познатите реплики која повторно ќе одекне во кино- салите. „Тетовирање“, „Среќна нова ’49“, „Планината на гневот“, „Три Ани“ и „Хај Фај“ се македонските филмски класици што ќе бидат прикажани во рамки на фестивалот посветен на седмата уметност.

Станува збор за дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодни години на продуцентската куќа „Вардар Филм“. Извештаите од операторите од регионот покажуваат дека овие филмови имаат добар рејтинг, рече директорот на „Вардар Филм“, Попов.

Фестивалот на македонски филмски класици ќе биде убава можност да презентираме дел од историјата на филмот на овие простори, рече министерката Елизабета Канческа- Милевска.

Филмскиот центар„Вардар Филм“ поседува права за прикажување и дистрибуција на голем број филмови снимени во период од повеќе од четири децении.

Директорот истакна дека се направени договори за прикажување на филмовите од „Вардар Филм“ во земјите од регионот. Тоа се филмови со историски и продукциски квалитет, рече Попов.

 

Александра Перевска