Тројца добитници на Нобелова награда за медицина
Кембел и Омура го откриле лекот авермектин, а Ту го открила лекот артемисинин, кој драстично ја намали смртноста кај пациентите заболени од маларија...

Нобеловата награда за медицина за оваа година добиле тројца експерти, Вилијем Кембел и Сатоши Омура наградени се за заедничкиот труд на откритијата за терапија против инфекција предизвикана од црви паразити, додека пак Јују Ту е наградена за откритија во областа на маларијата, пренесува Ројтерс.
Кембел и Омура го откриле лекот авермектин, а Ту го открила лекот артемисинин, кој драстично ја намали смртноста кај пациентите заболени од маларија.
Наградата за медицина е прва од оние што се доделуваат секоја година. Следат наградите за физика, во вторник на 6-ти октомври, за хемија на 7-ми, за книжевност на 8-ми, за мир на 9-ти, а за економија во понеделник на 12-ти октомври. Наградата за достигнувања во науката, книжевноста и за мир за прв пат се доделени 1901 година по желба на пронаоѓачот на динамитот и бизнисменот Алфред Нобел.
