Жестоки напади на руските бомбардери врз цели на ИД
05.10.2015 17:40
Сирискиот претседател Башар Ал Асад изјави дека Сирија, Русија, Иран и Ирак обединети во борбата против тероризмот, можат да го победат...

Руските воздухопловни сили извршиле 25 напади во Сирија во последните 24 часа при што биле погодени 9 позиции на Исламска држава во Хомс, соопштија руски претставници.
Сирискиот претседател Башар Ал Асад изјави дека Сирија, Русија, Иран и Ирак обединети во борбата против тероризмот, можат да го победат, но додаде дека доколку не постигнат успех тоа може да предизвика големи последици на Блискиот исток.
Во меѓувреме припадниците на Исламска држава ја разнеле Триумфалната капија, еден од најзначајните споменици во древниот сириски град Палмира.
