САД: Единаесетгодишник уби осумгодишно девојче поради кавга за куче

06.10.2015 10:24

Момчето се сомничи за убиство од прв степен...

Единаесетгодишно момче е задржано во полиција под сомнение дека ја застрелал неговата осумгодишна сосетка, поради кавга за куче.

Момчето се сомничи за убиство од прв степен. Според полицијата детето убиството го извршило со пушката на неговиот татко.