Потпишување договор за заем за експресниот пат Крива Паланка - Ранковце

06.10.2015 10:56

Вредноста на договорот, што ќе го потпише вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, е 83 милиони евра од кои 78 милиони се за изградба на експресниот пат, а пет милиони за воспоставување систем за управување со мостови и институционална поддршка...

Министерството за финансии и Светска банка денеска ќе потпишат договор за финансирање изградбата на експресен пат од Крива Паланка до Ранковце.

Вредноста на договорот, што ќе го потпише вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, е 83 милиони евра од кои 78 милиони се за изградба на експресниот пат, а пет милиони за воспоставување систем за управување со мостови и институционална поддршка.

Изградбата на патот Крива Паланка-Ранковце треба да почне напролет. Патот ќе биде долг 26 километри, со четири ленти – по две во секој правец. Треба да овозможи подобрување на транспортната поврзаност на Коридорот 8, од Скопје до Деве Баир, како и на функциите на Јавното претпријатие за државни патишта.