Изаири: На Југохром му се заканува клуч на врата
06.10.2015 12:32
Ресорниот министер Нурхан Изаири повторно порача дека на комбинатот му се заканува клуч на врата...

Југохром од Јегуновце се уште не ги започнал градежните активности на терен за задоволување на еколошките стандарди и добивање на потребната дозвола. Ресорниот министер Нурхан Изаири повторно порача дека на комбинатот му се заканува клуч на врата.
„Констатирано е дека тие нешто имаат започнато околу одобрението и проектот за изградба, велат дека имаат договор за некои изведбени работи, меѓутоа на терен ништо не се случува. Нашиот став е, на ваквите компании кои за нас се несериозни, не ги почитуваат нашите закони, во краен случај, ако не монтираат филтри, тие треба да се затворат додека не ги исполнат условите“, изјави министерот Изаири.
