На тројца македонски државјани им се суди за трговија со дрога во Франција
06.10.2015 12:40
Обвинителството ги товари за шверц на хероин и кокаин во регионот Сен Луи. При апсењето на групата беа пронајдени 8 и пол килограми хероин и кокаин, како и 50 килограми супстанција за мешање на дрогата...

Во Франција почна судењето на 35-мината осомничени за трговија со дрога меѓу кои и тројца македонски државјани. Од 22-цата присутини на судењето, петмина се во затвор додека другите се бранат од слобода. Еден дел од обвинетите се во бегство.
Обвинителството ги товари за шверц на хероин и кокаин во регионот Сен Луи. При апсењето на групата беа пронајдени 8 и пол килограми хероин и кокаин, како и 50 килограми супстанција за мешање на дрогата. Ако обвинителството ја докаже вината им се заканува десетгодишна затворска казна.
