МВР: Досега издадени потврди за азил на 120.370 странски државјани

06.10.2015 13:30

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 87.262, потоа Авганистан 16.599, на Ирак 7.841...

Во последниве 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.328 странски државјани, од кои, 1.484 се од машки пол, 283 се од женски, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 78 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.288, Авганистан 747,  од Ирак 118, додека другите се во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 120.370 странски државјани, од кои, 79.574се од машки пол, 15.952 се од женски, 20.619 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.225 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 87.262, потоа Авганистан 16.599, на Ирак 7.841, Пакистан 3.152, Палестина 1.211, Иран 829, Сомалија 740, Бангладеж 717, Конго 372, на Нигерија 229, Камерун 190, Еритреја 168,  Етиопија 144, на Судан 120, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 50 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.