Градежниот факултет одбележa 66 години од основањето
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски нагласи дека лицата кои стекнале образование на Градежниот факултет имаат голем удел во планирањето и изградбата на тековните градежни проекти на Владата...

Градежниот факултет го прослави својот 66 годишен јубилеј. Додели 42 стипендии на студенти и ја објави најдобрата дипломска работа за челични конструкции.
На овој факултет дипломирале над 1.700 градежни инжинери, 400 геодетски инжинери и над 100 геотехнички инжинери и други кадри, а се образувани и 189 магистри по градежништво, 55 магистри по геодезија и 93 доктори на наука, соопшти деканот на Градежниот факултет, Дарко Мославац.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски нагласи дека лицата кои стекнале образование на Градежниот факултет имаат голем удел во планирањето и изградбата на тековните градежни проекти на Владата.
Имајќи ја предвид визијата на оваа Влада да изгради квалитетна транспортна инфратсруктура во Република македонија, посочи Мисајловски, се јавува потребата од создавање нераскинлива врска меѓу државните институции кои работат на оваа проблематика и овој Факултет преку создавање квалитетни кадри.
