Обид за атентат врз премиерот на Јемен

06.10.2015 14:17

Премиерот и министрите со хеликоптер се дислоцирани на безбедна локација, но 18 лица од обезбедувањето им подлегнале на повредите...

Обид за атентат врз јеменскиот премиер Халед Бахах. Гранатиран хотелот во Aден во кој престојувал владиниот тим. Премиерот и министрите со хеликоптер се дислоцирани на безбедна локација, но 18 лица од обезбедувањето им подлегнале на повредите.

Експлозии се слушнале и во две згради каде што биле сместени офицери. Меѓународно признатата влада го прогласи Аден за привремен главен град откако Сана ја зазедоа шиитски бунтовници кон крајот на минатата година.