Обид за атентат на јеменскиот премиер Бахах
Според портпаролот на јеменската влада, меѓу загинатите се и двајца војници на Обединетите Арапски Емирати. За време на нападот во хотелот се наоѓал и премиер Калед Бахах, којшто е неповреден и се чувствува добро...

Најмалку 15 војници, припадници на коалициските сили во Јемен што ги предводи Саудиска Арабија загинале за време на гранатирањето на хотелот Ал Каср рано изутрината во јеменскиот град Аден. Според портпаролот на јеменската влада, меѓу загинатите се и двајца војници на Обединетите Арапски Емирати. За време на нападот во хотелот се наоѓал и премиер Калед Бахах, којшто е неповреден и се чувствува добро. Најмалку 3 гранати се испалени врз хотелот, а едната од нив во погодила влезот.
Жителите на вториот по големина град во Јемен слушнале неколку експлозии, а сликите од нападот се објавени на социјалните мрежи, и на нив се гледа густ чад над погодената област.
Во хотелот Каср се сместени високи јеменски офицјални лица, членови на владата, кои постепено се враќале во земјата откако последните неколку недели беа во егзил во главниот град на Саудиска Арабија. Хотелот го чуваат војници на Обединетите Арапски Емирати, една од земјите членки на сунитските земји кои покренаа воена акција во Јемен во март годинава со цел да ги поддржат силите Хути и враќањето на владата од егзил. Меѓународно признатата влада го прогласи Аден за привремен главен град откако Сана ја зазедоа шиитски бунтовници кон крајот на минатата година.
Марина Автовска
