„Маркарт“ почнува со работа

06.10.2015 15:56

Фабриката за автомобилски делови, „Маркарт“ официјално започнува со производство. Инвестицијата на компанијата во Велес е тешка 35 милиони евра, а планирано е да се вработат околу 600 лица...

„Маркарт“ официјално почнува со производство во Македонија. Нешто повеќе од една година и беше потребно на компанијата во индустриската зона „Караслари“ да ја изгради фабриката. Првиот контакт меѓу македонската Влада и германскиот инвеститор министерот Веле Самак го имаше во септември 2008-та година по што, по повеќемесечни преговори, во март минатата година, компанијата донела одлуката за инвестирање во Македонија.

За Македонија се одлучивме поради квалификуваната работна сила и стабилната политика на Владата кон инвеститорите. Се одлучивме за Велес, град кој има своја индустриска историја, што ќе ни помогне во регрутирањето на нашите вработени“, изјави Лудгер Шонекер, Маркарт“.

А, точно пред една година „Маркарт“ преку дирекна комуникација ги одбра првите 100 вработени. Тогаш велешани беа сведоци на првиот „Маркарт“ отворен ден.

Последните 25 години, „Маркарт“ е првата поголема странска инвестиција во Велес Тежи 35 милиони евра. Оваа инвестиција за многумина значи обезбедување на работно место. Според најавите на инвеститорот во производството на автомобилски делови за „Ауди“, „Мерцедес“ и „БМВ“ планирано е да се вработат околу 600 лица.

Македонија е 11-та земја во која се шири бизнисот на семејството „Маркарт“. Со годишен обрт од 700 милиони евра, компанијата која има фабрики во 13 земји спаѓа во групата на брзо- растечки.

 

Дијана Иванова