Жестока расправа во Собранието за екстерното тестирање
Опозицијата останува на ставот дека екстерното тестирање требада се укине со образоложение дека им создава стрес, и на учениците и на професорите. Мнозинството одговара дека постапката поставува нови стандарди во проверката на знаењето и ги подготвува идните академски граѓани да бидат поконкуренти на глобалниот пазар на труд. Владата неодамна најави корекции на постојниот модел...

Опозицијата не отстапува од барањето укинување на екстерното тестирање. Пратениците на СДСМ велат дека станува збор за дефектен процес кој дополнително им создава стрес на учениците и на професорите, а не придонесува за квалитетот на образованието.
Екстерното тестирање поставува нови стандарди во проверката на знаењето на учениците и ги подготвува идните академски граѓани да бидат поконкуренти на глобалниот пазар на трудот – одговараат од парламентарното мнозинство. Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека СДСМ сака интелектуална анти-револуција, преку протести да ги манипулира учениците за политички цели. Според нив, преку идни реформски зафати може да се иновира постојниот модел на надворешно вреднување на резултатите на учениците.
На денешната седница беа уште неколку закони предложени од СДСМ, меѓи кои и за минималната плата.
Игор Панов
