На проджба пет детски одморалишта

06.10.2015 16:13

До крајот на месецот ќе трае огласот за „Малешево“ во Берово, „Суви Лаки“ во Струмица, „Ѓуриште“ во Свети Николе, „Николиќ“ во Дојран и „Пелистер“ во Битола. Како купувачи можат да се јават сите домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со недвижен имот во Македонија...

За развој на туризмот, државата продава пет детски одморалишта. До крајот на месецот ќе трае огласот за „Малешево“ во Берово, „Суви Лаки“ во Струмица, „Ѓуриште“ во Свети Николе, „Николиќ“ во Дојран и „Пелистер“ во Битола. Како купувачи можат да се јават сите домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со недвижен имот во Македонија. Сите што ќе достават целосна документација ќе можат да учествуваат на електронско јавно наддавање.

„Сите овие места во минатото поради својата местоположба и опкружувањето претставувале значајни туристички капацитети, така да со определена инвестиција од страна на приватниот сектор повторно би можеле да станат профитабилни места за остварување на профит на самите компании, коишто потенцијално би ги стопанисувале во идниот период, но се разбира ќе има значаен придонес и за локалниот економски развој и за отворање на нови работни места. Постапката ќе биде транспарентна, отворена, врз основа на јавна електронска аукција и сите оние субјекти коишто имаат идеја и интенција да инвестираат во ширење на туристичкиот бизнис се повеќе од добредојдени да аплицираат на самиот оглас“, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Според надлежните, се создава можност за инвестиции и развој на туристичко угостителски сектор. Идните сопственици можат да ги користат поволностите кои им стојат на располагање како инвестициите преку ИПАРД програмата и активните мерки за вработување.

Наташа Јанчиќ