ТЕНИС

АУС ОПЕН-5ти ден

17.01.2014 14:45

ште едно носителско простување од Мелбурн

Уште едно носителско простување од Мелбурн, денешното за 9-тиот Гаске 

По вчерашниот пекол, денеска во Мелбурн променливо време со сонце и облаци, на моменти пороен дожд, доволно да се здивне и полесно да се игра по тениските терени во Мелбурн парк.

Сега за сега, носителите на првиот грен-слем со исклучок на 9-тиот Гаске кој беше елиминиран од 17-тиот на турнирот Робредо во 4 сета, останатите добро се држат.

Трикратниот во низ освојувач на Австралискиот пехар Новак Ѓоковиќ, не така лесните три сета го носат меѓу 16-те преку Истомин кој беше неговата трета жртва. Ферер со турнирскиот број три,  ја одработи успешно својата денешна задача праќајќи го дома по три сета 29-то рангираниот Шарди. Чекор плус направи и 7-миот во Мелбурскиот поредок Бердих. Вавринка има шанса убаво да се одмори пред осминафиналниот дуел со Робредо, откако канаѓанецот Поспишил го предаде мечот уште непочнат поради повреда.

Бројот еден кај дамите Серена Вилијамс навидум со 2:0 изгледа како лесен изборен четврт круг, но ветеранката Хантучова ја натера Серена да покаже многу повеќе од првите два меча. Америкнката стана и рекорденрка на Австралискиот турнир со 61 победа, најмногу на кого тоа му пошло од рака. И На Ли со чешката тенисерка Сафарова виде мака играјќи три сета до триумф, овозможувајќи си повторно да го брка како и лани последниот ден во Мелбурн. Кербер 9-тиот турнирски рекет со сигурна игра и го прекина престојот во Австралија на американката Риске.

Утрешниот шести ден во Мелбурн го носи вториот дел од третото коло.