Проекти за нови живинарски фарми
07.10.2015 09:53
Од земјоделско- прехранбените производи, Македонија најмногу увезува пилешко месо за што годишно се трошат по 50 милиони евра. За зголемување на ваквото производство, живинарските фарми ќе добваат државна помош...

Семејните живинарски фарми ќе бидат субвенционирани од домашниот буџет и од ИПАРД фондовите, а ќе добиваат и поволни кредити од комерцијални банки.
Со Проект за развој на живинарството треба да се лоцираат клучните проблеми и да се препорачаат соодветни решенија за производството и продажбата на бројлерското месо.
Оптималните очекувања се дека со предвидената поддршка од државата и од банките, во наредните пет години, производството ќе се зголеми за 30 проценти.
Методија Трајков
