Москва: ИД се крие во џамии и користат луѓе како жив штит
07.10.2015 09:57
Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана изјави дека руската армија внимателно ги проверува разузнавачките податоци и врши напади кога ќе биде целосно сигурна...

Припадници на Исламска држава се кријат во џамии и ги користат локалните жители како жив штит знаејќи дека руските борбени авиони нема да пукаат врз цивилни области.
Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана изјави дека руската армија внимателно ги проверува разузнавачките податоци и врши напади кога ќе биде целосно сигурна.
Во меѓувреме, областите Хама и Идлиб се најдоа под интензивен бран руски воздушни напади.
Според сириската опсерваторија за човекови права во тек е жестоко бомбардирање со ракети земја-земја.
