Прегазен пешак во Ѓорче Петров
07.10.2015 10:14
Лицето починало на самото место. Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на улицата Ѓорче Петров...

Изутрината е прегазен пешак во населбата Ѓорче Петров. Лицето починало на самото место. Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на улицата Ѓорче Петров, кога комбе со гостиварски регистарски таблички, управувано од 40-годишник, удрило во 75 годишниот пешак. Возачот е задржан од полицијата.
Инаку, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција регистрирала 18 незгоди. 9 лица имаат телесни повреди, меѓу кои тројца велосипедисти и еден патник во автобус. Забележани се и четири сообраќајни незгоди при што потешко биле повредени двајца возачи на мопеди, двајца сопатници, еден возач на мотоцикл и еден возач на трактор.
