Облачно со повремени врнежи од дожд

07.10.2015 10:17

Од утре па се до крајот на продолжениот празничен викенд земјава ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови од Медитеранот...

Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне 23 степени.

Од утре па се до крајот на продолжениот празничен викенд земјава ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат изобилни, особено на југ каде што ќе бидат проследени и со ретки грмежи.

Утре врнежите ќе продолжат и преку ноќта, и на повеќе места ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен.