Претседателот Иванов во посета на Бугарија

07.10.2015 10:21

Во организација на Aтлантскиот клуб на Бугарија, претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Македонија во НАТО: Очекувањата од НАТО самитот во Варшава“.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска до 9-ти октомври , ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде што ќе учествува на  конференција организирана од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Софија.

Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“.

Во организација на Aтлантскиот клуб на Бугарија, претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Македонија во НАТО: Очекувањата од НАТО самитот во Варшава“.

За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствaри средбa со претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев.