Австралија: Петмина уапсени за убиство на полицаец

07.10.2015 10:30

Во операцијата учествувале околу 200 полицајци. Уапсени се едно 16-годишно момче и четири момчиња на возраст од 18 до 22 години...

Пет лица се уапсени во голема полициска акција во четири населени места во западниот дел на Сиднеј, поради наводна поврзаност со терористичкиот напад извршен минатата недела од страна 15-годишно момче врз полициска станица во кој беше убиен 58-годишен полицаец.

„Истражуваме терористички напад. Се сомневаме дека некакво идеолошко, религиозно или политичко влијание го натерало момчето на таковужасен и злосторнички чин“, изјави Кетрин Бурн, заменик комесар, полиција во Нов Јужен Велс.

Во операцијата учествувале околу 200 полицајци. Уапсени се едно 16-годишно момче и четири момчиња на возраст од 18 до 22 години. Петнаесетгодишниот напаѓач бил убиен во престрелката со полицијата.