Промоција на „Православна енциклопедија“ во Охрид

07.10.2015 10:35

На настанот ќе присуствуваат и специјалниот претставник за култура на рускиот претседател Путин- Михаил Швидкој...

Амбасадата на Руската Федерација и универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денеска во Охрид ќе ја претстават Православната енциклопедија, што претставува прво вакво дело, кое го опфаќа Православието.

На настанот ќе присуствуваат и специјалниот претставник за култура на рускиот претседател Путин- Михаил Швидкој, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, и ректорот на универзитетот, Велимир Стојковски.