Хамбург: Петмина повредени во тепачка меѓу мигранти

07.10.2015 10:59

Еден човек бил прободен со нож и веднаш префрлен во болница...

Германската полиција соопшти дека пет лица се повредени во тепачка меѓу 60-тина Авганистанци и Албанци во бегалски камп во Хамбург. Еден човек бил прободен со нож и веднаш префрлен во болница.

Дел од учесниците во тепачката употребиле и железни прачки. Три лица биле приведени на кратко, но набрзо ситуацијата се нормализирала.