Кина: Најмалку 19 загинати при налетот на тајфунот „Муџиге“
07.10.2015 11:19
Седум лица загинале при удар на торнадо предизвикано од тајфунот во јужната кинеска провинција Гуандунг, а уште седум други ги загубиле животите во неколку свлечишта...

Најмалку 19 лица загинаа, а четирица се водат како исчезнати при налетот на тајфунот „Муџиге“ во јужна Кина.
Седум лица загинале при удар на торнадо предизвикано од тајфунот во јужната кинеска провинција Гуандунг, а уште седум други ги загубиле животите во неколку свлечишта.
Уништени се или оштетени голем број станбени објекти. Властите соопштија дека само во провинцијата Гуангдунг тајфунот предизвикал штета од над 3 милијарди долари.
