МВР: За 24 часа издадени 2.582 потврди за азил

07.10.2015 11:50

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 1.827, Авганистан, 481 и Ирак, 88...

Во последните 24 часа се издадени 2.582 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно странски државјани од кои 1.582 мажи, 319 жени, 529 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 152 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 1.827, Авганистан, 481 и Ирак, 88.

Досега издадени се потврди на вкупно 122.952 странски државјани, од кои, 81.156 се од машки пол, 16.271 се од женски, 21.148 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.377 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 89.089, потоа Авганистан, 17.080, Ирак 7.929, Пакистан 3.155 Палестина 1.228, Иран 892, Сомалија 740, Бангладеш 731, Конго 426, Нигерија 229, Камерун 200,  Еритреја 168,  Етиопија 144 и Судан 121.                  

Од почнувањето на издавањето на потврдите до денеска, до Одделението  за азил се поднесени 50 барања  за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.