Нападнат полицаец на регионалниот пат Македонски Брод- Кичево
Полицаецот со ротациона сигнализација му дал наредба да го запре тракторот, но тој продолжил да вози. Откако го запрел со попречување, полицаецот усно му наредил со тракторот да се упати во полициската станица...

Физички нападнат полицаец во обид да застане тракторист кој превезувал огревни дрва. Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот на регионалниот пат Македонски Брод- Кичево.
Полицаецот со ротациона сигнализација му дал наредба да го запре тракторот, но тој продолжил да вози. Откако го запрел со попречување, полицаецот усно му наредил со тракторот да се упати во полициската станица во Македонски Брод, по што почнала прво вербална расправија, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник.
Му се придружиле уште две лица со метални шипки од возило „Тико“ со охридски регистарски таблички.
Откаго биле спречени, тројцата избегале. Полицијата го расчистува случајот.
