20 компании бараат работници на Саем за вработување во Велес

07.10.2015 12:30

Се зголемува бројот на компании кои имаат потребна од работници. На саем за вработување во градот, своите потреби ги претставија 20-ина фирми, и домашни и странски, од повеќе индустрии...

Инвестициите и активните мерки го размрдаа пазарот на труд во Велес. Се зголемува бројот на компании кои имаат потребна од работници. На саем за вработување во градот, своите потреби ги претставија 20-ина фирми, и домашни и странски, од повеќе индустрии.

„Денеска се отвора и фабриката на Маркард во зоната Каласлари, која исто така ќе има потреба од вработувања. Се надевам дека и другите инвестиции кои доаѓаат во овој регион ќе придонесат за намалување на невработеноста, воедно и покачување на економскиот стандард на луѓето и сигурноста на граѓание во Република Македонија“, изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ.

Компаниите бараат различни профили на работници, локалната власт уверува – Велес има квалитетен кадар кој може да одговори на барањата на приватниот сектор.

„Имаме во моментов околу 20-ти работодавачи кои имаат реална потреба од работна сила. Велес има квалитетни кадри кои мислам дека ќе ги задоволат барањата на работодавачите“, нагласи градоначалникот Славчо Чадиев.