Отворена фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“

07.10.2015 12:33

Ќа биде посветена на промовирање на македонската култура и традиција. Ќе иницира поддршка на програми кои ќе ги опфатат сите Македонци и ќе се грижат за македонското културно и духовно наследство...

Отворена е фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“, а како што вели нејзиниот основач, ќа биде посветена на промовирање на македонската култура и традиција. Ќе иницира поддршка на програми кои ќе ги опфатат сите Македонци и ќе се грижат за македонското културно и духовно наследство.

Основачот на фондацијата, смета дека владеење на правото, почитување на човековите слободи и права, економскиот развој, толеранција на различностите, се столбови на кои треба и мора да опстојува модерната македонска република.