Операција „Софија“: ЕУ во борба против шверцерите на мигранти

07.10.2015 12:57

Операцијата „Софија“ вклучува претрес, заплена и пренасочување на бродовите што ги користат за шверцување луѓе...

Европската унија денеска почнува воена оперција за фаќање на шверцерите во која ќе пресретнува бродови кои префрлаат мигранти преку Средоземното Море.

Операцијата „Софија“ вклучува претрес, заплена и пренасочување на бродовите што ги користат за шверцување луѓе. Шест бродови се веќе во меѓународните води кај Либија, вклучувајќи и италијански носач на авиони, француска Фрегата, шпански, британски и два германски брода.

Морнарицата на Белгија, Британија и Словенија учествуваат со најмалку 3 брода кои ќе впловат во регионот кон крајот на октомври.