И денеска разговори за изборните правила
Во разговорите беше разгледуван и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои во собранието доставија предлог- закон, со кој треба да се забрани објавување на т.н бомби, што лидерот на СДСМ ги објавуваше во изминатите неколку месеци...

Работните групи по повеќе од 15 часа разговори, синоќа не се договорија за измените на изборниот закон. Во разговорите беше разгледуван и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои во собранието доставија предлог- закон, со кој треба да се забрани објавување на т.н бомби, што лидерот на СДСМ ги објавуваше во изминатите неколку месеци.
Со предложеното законско решение се предвидува, објавувањето на прислушувани разговори да стане кривично дело за кое се предвидени и затворски казни.
Се очекува денеска да продолжат разговорите за измените на изборниот законик.
