Европски експерти во кампот во Гевгелија

07.10.2015 13:36

Тие од градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, беа информирани за состојбата со бегалците, а претставниците на ЕУ најавија финансиска поддршка во комунална опрема и услуги...

Делегација на ЕУ, предводена од Јаромир Левичек и Паоло Бенвенути, вчера го посетија кампот за мигранти на грчко- македонската граница. Тие од градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, беа информирани за состојбата со бегалците, а претставниците на ЕУ најавија финансиска поддршка во комунална опрема и услуги. Се интересираа и за состојбата во гевгелиската болница.

Денеска во Брисел во Европската Комисија ќе се разговара за бегалците во Македонија и во Србија, а утре во Луксембург на состанокот Источен Медитеран- Западен Балкан, ќе се разговара за модалитетите запирање на незаконската миграција. На состанокот ќе учествуваат и министрите за внатрешни и надворешни, Митко Чавков и Никола Попоски.