Запленети 135 садници на марихуана во скопско Драчево
07.10.2015 14:07
Се сомничи дека годинава неовластено набавил семе „канабис сатива“ и го засадил на изнајмена нива во месноста викана „Песовци“ – Драчево...

25 годишен Скопјанец заработи кривична пријава и 30 дена притвор. Се товари за неовластено производство на дрога. Се сомничи дека годинава неовластено набавил семе „канабис сатива“ и го засадил на изнајмена нива во месноста викана „Песовци“ – Драчево.
Стеблата ги одгледувал во пластеник, наводнувани по системот „капка по капка“. По увид на полицијата биле пронајдени и одземени 135 стебла.
