Визија за Македонија – нов проект на СДСМ

07.10.2015 14:56

На дебатата која следува по трибините оддржани во Тетово и во Неготино, граѓаните имаа можност да изнесат идеи кои ќе бидат содржани во програмата на СДСМ ...

Прва дебата во Скопје за промоција на проектот Визија за Македонија оддржа СДСМ, на која раководството го презентираше првиот столб од идејата за создавање на отчетна и транспарентна власт.

„Сега е вистинскиот момент да создадеме колку што може повеќе добри придобивки за идние генерации кои доаѓаат после нас. Партијата која ја предводам, а со тоа и опозицијата, има во себе позитивни промени. Јас ви го гарантирам тоа, и се гордеам со тоа“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.  

На дебатата која следува по трибините оддржани во Тетово и во Неготино, граѓаните имаа можност да изнесат идеи кои ќе бидат содржани во програмата на СДСМ со која оваа партија ќе се претстави на изборите.

 

Анита Димитријевска