Промовирана програмата за пристојна работа

07.10.2015 15:06

Како до поголема вработеност на младите, и заземање соодветно место во општеството? Промовирана Националната стратегија 2015–2020 година за пристојна работа. По повод светскиот ден беше презентирана и новата интернет страница, каде што сите работници ќе можат да се информираат за нивните права и обврски, но и да се пожалат доколку имаат каков било проблем на работното место...

Несигурна работа, ниски плати, некоректни работни односи- ова се проблемите со кои секојдневно се соочуваат работниците. Синдикалните организации најавија засилена борба против коорпоративната алчност на компаниите. Промовирана е и национална програма, прва во Македонија. Во фокусот се правата на работниците.

Од организацијата на работодавачи велат- за да се решат проблемите на работниците, треба да се отворат нови работни места, особено за младите. Да се обезбеди развој на претпријатијата, а со тоа да се елиминира и евтината работна сила.

Од ресорното министерство велат- повеќе внимание се посветува на вработување на младите.   

Промовирана е нова интернет страница, по повод Светскиот ден на пристојна работа. Работниците ќе може да се информираат за нивните права и обврски, но и да се пожалат доколку се кршат нивните права.

 

Викторија Милевска