Законот за прислушуваните разговори ќе се доработува
Ќе се интервенира во неговата содржина преку амандманската расправа, а ќе биде разгледувани и од работните групи, паралелно со изборниот законик...

Работните групи договориле, Законот за прислушувани материјали да биде отворен за дополнителна доработка, во која ќе бидат вклучени амандмани на опозицијата, изјави потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, пред денешните разговори.
Ќе се интервенира во неговата содржина преку амандманската расправа, а ќе биде разгледувани и од работните групи, паралелно со изборниот законик.
Според Милошоски, преговорите денеска ќе продолжат на првата точка, на која вчера закочиле, на прочистувањето на избирачкиот список.
