Стапи на сила новиот Закон за сообраќај

07.10.2015 16:22

Сите учесници во сообраќајот треба да внимаваат, ако направат прекршок снимките од камерите можат да бидат употребени против. Тоа го овозможува новиот закон кој го надополнува Законот за прекршоци...

Сообраќајот почна да се регулира според новиот Закон. Полицајците пишуваат повисоки казни. 200 евра ќе мора да плати возачот кој нема да пропушти пешак. 100 евра е глобата ако возило од земјен пат се вклучи во сообраќај, без претходно да биде исчистено. Таксистите не смеат да сопираат и паркираат на плоштад, пешачка зона и противпожарен пат. На предвидените места можат да запрат, но не смеат да се задржат повеќе од 3 минути. Новина има и во делот на потпишувањето на Европскиот извештај. Возачите прво ќе мораат да го потпишат Извештајот, а потоа да се тргнат од патот, досега било обратно.

„Посебно би ги истакнал законските одредби за намалување на брзината во населено место, од 60 на 50 километри на час, што е особено важно за безбедноста на ранливите групи во сообраќајот, потоа законот нуди одредба за задолжително користење на детски седишта, а исто така важно е што законот подеднакво ја третира и едукативната и репресивната компонента. Законот предвидува и повисоки стандарди во процесот на добивање на возачка дозвола“, вели Ристо Манчев, РСБСП.

Сите учесници во сообраќајот треба да внимаваат, ако направат прекршок снимките од камерите можат да бидат употребени против. Тоа го овозможува новиот закон кој го надополнува Законот за прекршоци. Граѓаните сметаат дека ред мора да се воведе и ќе треба време да се подигне сообраќајна култура.

300 евра е ако возачот помине на црвено, а 50 евра за пешакот. 30 евра ќе плати пешак ако биде фатен дека не поминува на пешачки премин. До 400 евра казна за оние за кои ќе се утврди дека возат под дејство на алкохол. Полицијата има можност пијаниот возач да го задржи во станица 12 часа. Годинава во триесеттина сообраќајки имало загинати, а околу 150 минале со тешки телесни повреди.

Наташа Јанчиќ