Аргентинскиот пазар атрактивен за македонските извозници
Аргентинскиот пазар е атрактивен за македонските извозници пред сѐ заради сличното технолошко ниво на двете економии. Оваа земја годишно увезува производи вредни 66 милијарди долари што дава простор и македонските компании да се обидат да влезат на овој огромен пазар кој се вбројува меѓу најинтересните во Јужна Америка...

Аргентина може лесно да стане алтернативен трет пазар за извоз на македонските компании. Потенцијалот е огромен, техничко- технолошкото ниво слично на нашето и тоа е солидна можност која може да се искористи, велат од Македонско- бугарската стопанска комора.
„Претприемачите го разбиваат мразот на пазарите кои се на едно економско ниво и рамниште според можностите на македонските компании. Сметам дека аргентинскиот пазар е алтернативен пазар на кој може да се смета за една брза соработка и заеднички продукти да проциркулираат на двете страни“, вели претседателот на Македонско- бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски.
Првите контакти се воспоставени, вели Темелковски и во иднина наместо преку посредници од Германија или Австрија, македонските компании директно ќе извезуваат на агренстинскиот пазар. Најважни се директните контакти вели амбасадорот Азрак, затоа што тие знаат да го согледаат взаемниот интерес.
„Ќе ви дадам еден пример. Аргентина е производител на тутун, но и покрај тоа најважен производ што се увезува од македонија е токму тутунот. Тоа значи дека секогаш меѓу компаниите има интерес да заработат и едните и другите“, вели Гујермо Салвадор Азрак, амбасадор на Аргентина во Република Ммакедонија.
Статистиката вели дека трговската размена меѓу двете земји лани надминала скромни 20 милиони долари, а вредноста на нашиот извоз била 4,4 милиони. Во експортот доминира квалитетниот тутун, а во увозот сојата, ослиќот, лимонот и пченката.
Свето Николовски
