„Маркарт“ почна со производство, најавени 600 вработувања
Велес го враќа имиџот на индустриски град. Фабриката на германски „Маркарт“ почна со работа во зоната Караслари. Инвестицијата од 35 милиони евра ќе отвори 600 работни места. Компанијата со автомобилски делови, произведени во Македонија, ќе ги снабдува европските автомобилски гиганти...

Германски „Маркарт“ официјално почна со производството во велешката зона Караслари. На 15 илјади квадрати, досега инвестирале 25 милиони евра. Во фабриката веќе работат 170- тина вработени, најавени 600 вработувања. Произведуваат компоненти за реномирани германски и европски автомобилски брендови- Мерцедес, БМВ, Ауди, Пежо.
Сопственикот на бизнисот најави трикратно зголемување на прозиводствениот капацитет во следните шест години, потенцијал за две илјади вработувања, над 35 милиони евра инвестирани во Македонија. Фабриката почна да се гради во април, одлуката за инвестирање беше објавена пред две години. Во конкуренција со Македонија биле две земји.
„Што беше пресудно да инвестираме овде? Образовно орентираните луѓе, добиените извештаи и информации за бизнис климата, сигурноста на политиките и владата. Македонија не беше на нашата листа се додека преставниците на владата не направија презентација. Сега Вие сте победници“, истакна Харалд Маркард – сопственбик на компанијата Маркарт.
„Маркарт“ е еден од најголемите добавувачи на автомобилски делови во светот. Нивниот влез во Македонија го зајакнува имиџот како земја на автомобилската индустрија, заедно со сите странски инвестиции сами по себе, е покана- други компании да инвестираат во државава, посочи премиерот Груевски.
„На почетокот кога ја објавивме инвестицијата на „Маркарт“ голем број жители на Велес не веруваа дека оваа фабрика ќе се изгради. Ваквата скепса беше сосема разбирлива поради фактот што транзицијата остави длабоки лузни во Велес и поради фактот што долги години наназад не се изградила ниту една нова фабрика во Велес, а напротив многу се затвораа. Од овие причини имам големо задоволство што таквата лоша традиција денес се прекинува“, изјави премиерот Никола Груевски.
Преговорите со „Маркарт“ стартувале пред седум години. Во 2013- тата премиерот ја наговести реализацијата на инвестцијата. Во последните три години, старнските иневестиции имаат 600 илјади евра дополнување во бруто домашниот прозивод, 2,7 милијарди евра извоз од Македонија, стотина милиони евра директна трговија со домашни фирми. Владата најави уште две- три нови зони во Велес.
„Велес беше индустриски град кој беше базиран на технологии кои еколошки не беа најприфатливи за луѓето и креираа други нус појави. Јас го гледам Велес како индустриски град со нови чисти индустрии, со инвестиции каде како во „Маркард“ има голем степен на додадена вредност, голем број вработувања“, рече вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Групацијата „Маркарт“ е лидер во прозиводството на електомеханички и електронски додатоци за авотомобислки системи.
Сузана Фиданска- Стоевска
