Извозот на храна бележи раст, увозот сеуште голем
08.10.2015 10:13
Извозот на земјоделските производи бележи континуиран раст, но сеуште е голем и увозот. Главно се купува храна што не се произведува кај нас...

Во трговијата и на пазарите потрошувачите се повеќе бараат поголем број различни производи иако имаат повисока цена. Затоа во Македонија се увезува главно храна за која нема услови или не се произведува.
Климата кај нас не е најповолна, особено за производство на житните и индустриските култури, кои даваат неколку пати помали приноси во однос на другите земјите.
Причина за увозната зависност се и малите парцели кои не обезбедуваат услови за конкурентно и производство што ќе ги задоволи домашните потреби.
Методија Трајков
